fbpx

Намалена невработеноста кај младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Стапката на младинска невработеност падна под 30 проценти, иако таа во 2016 година изнесуваше 41,9 проценти. Премиерот Зоран Заев информира дека падот од повеќе од 10 проценти се должи на Оперативниот план за вработување, кој го изработи Владата, а исто така најави и дека ќе се заложи за надминување на сите предизвици со кои се соочуваат младите. Крајната цел на оваа владина политика е што поголем број на млади да останат во државата и тука да ја градат својата иднина.

„Северна Македонија е првата земја во регионот што ја разви „Гаранцијата за млади“, што даде значителен успех во однос активноста на младите на пазарот на труд во нашата држава. Ја увидовме потреба од инклузија на младите во важните општествени процеси и затоа, денес преку Законот за младинско учество и младински политики во сите органи на државната управа и во единиците на локалната самоуправа има назначено службеник за млади, кој ќе им помага на младите за прашањата што ги интересираат од доменот на конкретната институција“, напиша Заев.

Премиерот, по повод Меѓународниот ден на младите, најави и дека со поддршка до20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство ќе се помогнат младите земјоделци. Во статусот, Заев не заборави да ги спомне и младите доктори на кои во оваа прилика уште еднаш им оддаде јавно признание и благодарност.

Последни вести