Одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на крвавиот воен конфликт од 2001 година, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не беше достоен настан на кој би присуствувал. Мировниот договор, кој беше постигнат под покровителство на НАТО и нашите стратешки сојузници, Мицкоски реши да не го удостои и покрај тоа што Договорот ја отслика фактичката состојба – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот на македонскиот народ и другите етнички заедници.
СДСМ ја потсети јавноста дека и ВМРО-ДПМНЕ е потписник на прекинот на воените дејствија, а бегањето на Мицкоски од јубилејот е политичко лицемерие кое единствено покажува дека партијата е заглавена во матрицата на етнички поделби.
“Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага, не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики. Македонските национални интереси не се штитат со бегање, туку со решавање на проблемите. Ако политичкиот пироман Христијан Мицкоски не е свесен дека сме полноправна членка на НАТО Алијансата ќе го освестат граѓаните кои ќе го казнат на претстојните локални избори“.