Сите анкети спроведени во последните месеци од релевантни институти и организации ја потврдуваат високата доверба на граѓаните во премиерот Зоран Заев и во Владата предводена од СДСМ. Со тоа се потврдува дека СДСМ и коалицијата се главни фаворити на престојните локални избори.Уште повеќе ако се знае дека актуелните градоначалници на СДСМ реализираа голем број важни локални проекти за подобрување на животот на граѓаните.
Анкетите на релевантните Брима, ИРИ и ИФЕС потврдуваат дека граѓаните, не само што имаат најголема доверба во Заев и СДСМ, туку поддршката на политиките на Владата на Заев расте со секоја нова анкета. Тоа се гледа и од последно објавената, а спроведена во март, анкета на НДИ.
Сериозноста на СДСМ во настапот на локалните избори се потврди и со фактот дека сме прва партија која што, уште на 17 јули ги објави првите 30 кандидати за градоначалници,пред кусо времепромовираше уште пет кандидати за грдоначалници, а до крајов на месецот се очекува да бидат објавени и останатите кандидати. Сите предложени кандидати се истакнати жители на општината и се сметаа за фаворити во изборната трка.