Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски ниту самиот не верува во неговата понуда за кандидати за градоначалници.
Тој и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем да најдат кандидати за градоначалници, затоа што сите знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е извесен губитник на локалните избори.
И во Град Скопје, и низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги очекува пораз затоа што освен лажни вести, деструкции и блокади ништо друго и не нудат.
Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на Мицкоски, тој е осамен во својот простотилак кој јавно го обелодени на социјалните мрежи и затоа му следува уште еден пораз.
На претстојните локални избори граѓаните повторно ќе ги победат деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе им испорачаат нов пораз, седми по ред.