fbpx

Градиме модерно, мостот „Љубљанска“ е ново архитектонско чудо во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Првиот висечки мост во земјава ќе се гради во Карпош и ќе ги поврзува улицата Скупи и булеварот Илинден. Овој мост кој ќе биде запаметен како архитектонско чудо вреди шест милиони евра, а ќе има четири коловозни ленти, пешачки и велосипедски ленти од двете страни.

Мостот претставува нова врска и спојување на градот кој ќе ја растовари и избалансира сообраќајната фреквенција и ќе овозможи побрз пристап од обиколницата до општина Карпош. Истовремено со мостот се поврзуваат и општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари.

Средствата за изградба на мостот се обезбедени преку програмата ТАВ и истиот се очекува да биде завршен за 18 месеци.
„За само четири години почнуваме со изградба на вториот мост, кој на секој начин е спојување на градот, луѓето и нивна комуникација“, потенцираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Последни вести