fbpx

Зборот е збор, со законот за конфискација на имот ќе се истера правдата до крај

Facebook
Twitter
LinkedIn

Работната група формирана од Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски и Советот на Европа ја финализираат првата верзија на законот за потекло за имот, кој предвидува проверка на сомнително стекнат имот и отвора можност за негова конфискација.

„Овој закон ќе важи за сите граѓани, без разлика дали остварувале јавни должности, ќе важи и за сите претходни и актуелни политичари.Напредокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал станувавидлив и го стеснува маневарскиот простор за сите оние кои се огрешиле пред законите“,порача Николовски.

Тој порача дека конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист се императив за истерување на правдата до крај.
„Како Влада покажуваме дека нема исклучоци, нема заштита за никого, без разлика кому припаѓа и во што верува.Не може богатењето врз грбот на граѓаните да не биде санкционирано со конфискација на криминално стекнатиот имот“, вели Николовски.

Последни вести