fbpx

Обезбедена приватноста на граѓаните со новиот Закон за заштита на лични податоци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Имајќи ги предвид новите предизвици во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информатички технологии и глобализацијата, новиот Закон за заштита на лични податоци подобро ги адресира предизвиците и ја заштитува приватноста на граѓаните.

Од 24 август започна целосната примена на овој закон со кој македонското законодавство се изедначи со правото на Европската Унија во оваа област.

„Заштитата на личните податоци на граѓаните се подигнува на многу повисоко ниво со новиот Закон коj стапува на сила. Министерството за правда има слух и за сите дилеми кои ги имаат компаниите во однос на спроведувањето на истиот“, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.

Сите правни субјекти ќе треба да ги почитуваат одредбите од овој закон и да назначат лице кое ќе биде „офицер за заштита на лични податоци“. Агенцијата за заштита на личните податоци во следниот период на терен, превентивно, ќе ги контролира компаниите и ќе им помогне да ги спроведат новите правила.

Последни вести