Сериозни инциденти се избегнати во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валандово, но и Битола, а како наближуваат локалните избори се зголемува расколот во партијата.
Општинскиот комитет на опозициската партија во Валандово е во целосен хаос од поделби и фракции, а жолчните кавги на партискиот состанок биле резултат на големото незадоволство поради изборот на Тони Узунов за кандидат за градоначалник. Тензијата дополнително кулминирала со обидот Јулијана Тушевска да биде избрана за носителка на советничка листа. Голем дел од членството на опозициската партија во Валандово обвинува дека Узунов е кандидат единствено на Мицкоски, но не и на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски се соочи со истиот проблем и во Битола. Тој замина во Битола со цел да состави советничка листа, а таму не комуницирал со никого, освен со своите најблиски соработници, а пратеничката Силвана Ангелевска и Иванчо Тошевски, поранешниот претседател и координатор се целосно оттргнати од него.Последната информација која кружеше низ градот е дека општинскиот комитет е распуштен.
За тоа дека ситуацијата е далеку од совршена во партијата и на централно ниво, говори и податокот што најголемата опозициска партија не може да извади свој кандидат за градоначалник на Скопје и општина Центар.