fbpx

Крушево е првата македонска општина со европски сертификат за безбедна Ковид дестинација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Крушево стана првата општина во Македонија која од страна на Европскиот совет доби сертификат за безбедна Ковид дестинација. Овој сертификат ќе придонесе многу за привлекувањето на туристите од странство, затоа што Крушево веќе е ставено на мапата на Европа како град кој е безбеден од корона вирусот и туристите можат слободно да го посетуваат.

„Не посетија инспектори кои извршија инспекција над сите давачи на услуги, односно ресторани, хотели, сместувачки капацитети. Како се нудат услугите пред се, но и сугерираа како треба да се постапува. Ова е веќе испромовирано во повеќе европски медиуми, но веќе сме ставени и на европската мапа за туризам и трговија која се промовира во сите европски држави“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.
Задоволни од Крушево се инспекторите од Европскиот совет за туризам и трговија, кои престојуваа во градот.

„Крушево поседува многу прекрасни работи за кои луѓето треба да слушнат, кои што луѓето треба да ги откријат и луѓето треба навистина да знаат дека Крушево е безбедна ковид дестинација“, истакна Антон Карач, Европски совет за туризам и трговија.

Последни вести