fbpx

Пензиите ќе растат, се очекува значително зголемување со новата методологија за порамнување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Повеќе од 320 илјади пензионери во земјава од почетокот на наредната година очекуваат повисоки пензии. Од Владата веќе најавија дека методологијата за порамнување на пензиите ќе претрпи измени, па така секој први јануари и први јули во годината висината на примањата на највозрасните граѓани ќе се пресметува како со растот на трошоците на мало, така и со растот на просечната плата. Со оглед на фактот што во меѓувреме е значително зголемен износот на просечната плата, претседателот на СДСМ Зоран Заев, на граѓанските трибини, најави дека порастот на пензиите ќе биде особено видлив.

„Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата триста евра. Досега ги зголемивме пензиите за по две илјади денари во просек изминатите четири години и од 2022 година, секој први јануари и први јули сериозно ќе растат пензиите“, кажа Заев, додавајќи дека СДСМ гради фер општество и настојува да им помогне на највозрасните затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата“.

Според пресметките доколку се земе предвид дека просечната плата во моментов изнесува 28.540 денари, и судејќи по најавите, најниската пензија би била 60 отсто од просечната плата, тогаш минималната пензија би изнесувала нешто над 17.000 денари. Илија Николовски од Партијата на пензионерите за медиумите изјави дека со ваквото решение се исполнува клучно барање на оваа категорија граѓани.

Последни вести