Интегрално обраќање на генералниот секретар на СДСМ на 23-та Изборна Конференција на СДММ
Благодарам Дарко.
Драги млади социјалдемократи ве поздравувам од мојот Локален Клуб од Крива Паланка, и драго ми е што голем дел од раководството на СДСМ исто така е вклучено на оваа конференција.
Сакам на почетокот да ги изразам сите честитки за тоа што во вонредни околности дека заедно со СДСМ и СДММ се менува постојано и навистина користејќи ги сите овие можности, дигитални алатки голема е честа и одговорноста да на ваков начин избереме раководство, односно се одржи новата изборна конференција Социјалдемократската младина, за што исто така в честитам.
Младината на СДСМ постојано играла многу важна улога во развојот и целокупното функционирање на партијата. За секој член, па и за мене годините којшто се поминати во СДММ се години на убави спомени, на убави дружби, на многу учење, на многу работа, на многу посветеност и созревање низ генерациите. Сега кога ќе се присетиме на сите активности во младината, на плановите и визиите што тогаш сме ги имале, сме горди што успеавме после изминати години да создадеме она што денеска го имаме. А денеска имаме многу. Кога зборуваме за СДММ денес зборуваме за модерна, за силна, за европска, за динамична организација целосно вградена во сите успеси на партијата, но денес голема е одговорноста и честа што се тоа и успеси на државата. Уште позасилено треба да продолжиме во периодот што следи. Создаваме дена нова модерна генерација на млади луѓе во политиката на кој чесноста , одговорноста, интересот на граѓаните и моралните вредности се суштинска карактеристика. Вие сте моторот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, гласни и одлучни секогаш кога треба и затоа и ве охрабрувам така да продолжите во периодот и во новиот мандат на СДММ.
Познавајќи го кандидатот за следен претседател, нашиот Марко, немам дилема дека така и ќе продолжи СДММ. Дека ќе продолжите уште повеќе посветено, силно и одлучно да работите во интерес на сите ваши врсници и на сите граѓани на нашата земја. Марко сите го знаеме и може за него да зборуваме во суперлативи многу долго, но од искуството што го имам јас со него, можам да кажам дека верувам многу во неговиот избор и неговиот капацитет. Очекувам да биде нова позитивна и свежа промена во СДММ и во развојот на СДСМ. Убеден сум дека Марко и неговиот тим ќе успеат да го задржат континуитетот на успешната работа на СДММ но и ќе внесат нова свежина во младинското делување и ќе биде нов рифреш на младинскиот активизам. СДСМ постојано се менува но СДСМ и се грижи за младите. Ги вклучува во реализација на успешните младински политики и впрочем затоа ја имаме силната поддршка од граѓаните и од младите. СДСМ постојано нуди нова развојна економија, заснована на нови технологии на одржливост на човечкиот капитал исто така. Тоа е модел што ги штити работните места на граѓаните, што генерира повисоки плати и подобро платени работни места вклучително и за младите. СДСМ обезбедува шанса за сите особено за младите.
Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со којшто ја зголемивме понудата на работни места, го олеснивме патот до првото вработување на младиот човек. Стапката на невработеност кај младите драстично ја намаливме на околу 35% од времето на 2016 година која ја затекнавме на 48,6 %. Нашата цел е стапката на младинската невработеност до 2024 година да ја намалиме под 17% што е речиси двојно пониска младинска невработеност од сега и тоа е дел од нашата понуда и програма. Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување продолжува, директната поддршка на младинското и на женското претприемништво преку грандови во висина од 5 до 15 илјади евра се исто така мерките на којшто сме фокусирани. Обезбедуваме поврат на персоналниот данок за сите нововработени до 29 години во првите 2 години од работењето. Парите одат директно на сметки кај младите, така мора да продолжиме и во периодот што следи. Продолжува мерката од 3.000 денари месечен младински додаток во производство за вработените млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование. Стабилен раст, повисоки плати и шанси за сите, шанси за младите, тоа носи нова развојна македонска економија. Тоа е економскиот патриотизам на дело, а јас би додал дека тоа е и младинскиот патриотизам.
Само со СДСМ, само со СДММ иднината на младите е сигурна и стабилна полна со шанси за секој. Само со СДСМ е сигурна слободата на младите и можностите за подобро младинско европско образование. СДСМ може, СДММ може, вие можете, младите можат.
Во изминатите 3 години откако ја предводиме Владата и одговорноста, донесовме и многу тешки и многу храбри одлуки. Постигнавме успеси надвор и дома, и секогаш кога ни беше тешко можевме да се потпреме на силата и на енергијата која доаѓа од СДММ. Очекувам дека така ќе продолжиме и понатака. Тоа честопати и не е едноставна задача како што личи, но убеден сум дека Марко и неговиот тим ќе дадат се од себе, целосно ќе се вложат за напредокот, за развојот на СДММ уште повеќе и уште подобро. Во тоа многу ќе помогнат и новите статутарни измени кој предвидуваат за прв пат во историјата на нашата партија, СДММ да се регулира како трајна и статутарна предвидена фрома на организирање. Тоа значи дека вие младите ќе учествувате во работата на извршните органи на партијата на централно и на локално ниво со право на глас на сите нивоа соодветно. И на тоа не гледајте како на некоја голема привилегија, туку како на голема одговорност, како можност уште повеќе да се вложите во процесите што ја водат државата напред по европскиот и по вистинскиот пат.
Бидете активни, градете квалитетни младински политики кој утре ќе бидат владини политики кои ќе го унапредат квалитетот на животот и ќе отворат нови можности за сите млади луѓе во Македонија. Продолжете да бидете пример за посветеност, за храброст, за енергичност и за одговорност. Бидете пример за чесност и за одговорност.
Знам дека можете, ја користам оваа прилика да се заблагодарам на досегашното раководство на СДММ за досега сработеното. На сите претходни претседатели и раководства на младината за поддршката што ние повозрасните ја имаме постојано. За силниот ваш ангажман во носењето на промените во нашето заедничко општество . Очекувам дека новото раководство ќе продолжи по овој пат. Има многу подмладоци како што кажавме, но само една е младина. И оваа реченица не е само фраза, не е клише ова е вистина. На крајот ви посакувам успешна конференција и уверен сум дека и овој пат ќе го направите вистинскиот избор.
Не заборавајте дека ние како државотворна партија имаме голема одговорност да работиме во интерес на сите граѓани и во интерес на татковината. Дека имаме обврска да го испорачаме ветеното и зборот даден пред граѓаните. Да обезбедиме сигурна и стабилна иднина на младите, иднина во држава која што денес е членка на НАТО но можеме да бидеме и членка на ЕУ. Тоа заедно со вас го остваруваме, секојдневно покажуваме дека можеме и уште повеќе, можеме и уште подобро.
Посакувам успешна дигитална конференција на Социјалдемократската младина, успешна работа, одлични и плодни дискусии и посакувам избор на ново раководство кое што ќе продолжи по овој модерен , по овој вистински, по овој европски пат.