Изјава за медиуми,
Павле Богоевски, пратеник во Собранието на Република Македонија
Скопје, 12.10.2017
Почитувани,
Коце Трајановски и Никола Груевски се расфрлаа со десетици милиони евра за катни гаражи во строгиот центар на Скопје, а граѓаните сеуште паркираат на кејот на реката „Вардар“.
На пример, за катната гаража „Тодор Александров“ на улица „Даме Груев“ Градот Скопје потроши над 17.3 милиони евра за 605 паркинг места. За катната гаража „Македонска фаланга“ беа потрошени над 11.1 милиони евра (за 445 паркинг места), а за катната гаража Солунски Конгрес над 7 милиони евра (за 280 паркинг места. Катната гаража Смилевски Конгрес има само 169 гаражни места, а за неа се потрошени над 4.7 милиони евра, и сеуште не е пуштена иако беше почната во февруари 2013 година! (Извор, „Скопје 2014 под лупа“).
Почитувани,
Како е можно катните гаражи што ги градеа Коце Трајановски и Никола Груевски да бидат три до пет пати поскапи од приватните катни гаражи?
Потсетуваме дека извештајот на Државниот завод за ревизија за 2014 година откри дека катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ се граделе без да се испочитуваат одредбите од условите во тендерот.
Ветуваме дека новата градска власт по 15 октомври ќе направи ревизија на сите проекти, со цел да утврди дали се кријат коруптивни мотиви во изградбата на државните катни гаражи.