fbpx

Заев: Денеска ги ставаме темелите на новото модерно време

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 21.11.2016

Се што ќе зборуваме во оваа кампања ќе биде за младите и заради младите. Се што треба да направиме во овие 20 дена ќе биде токму тоа, но најважно од се, се што ќе се случува во Македонија од 12ти декември натаму ќе биде за перспективите за младите и за гледање со нивни очи иоднина овде во Македонија. Го насловивме ова План за живот во Македонија. Ние веруваме дека севкупниот апсект на животот е одговор на сите дилеми кои што ги преокупираат младите денеска, како што ги преокупираат и мнозинството граѓани во Македонија. Убеден сум дека ќе успееме, јас знам дека ќе победиме, но уште денеска треба да ги ставиме темелите на ова ново време за кое сите се бориме, а јас неуморно и недвојбено верувам дека ни е дофат. Веќе сите победивме, да немате дилеми. Целиот овој процес позади нас, го клекна режимот на колена. Режимот е избезумен. Денеска преку оваа кампања ги правиме првите чекори кон новото модерно време на кое сите му се радуваме. Јас сум убеден во тоа и сакам младите да ги гледам со подигнати чела, храбро и одважно, заради тоа што стоите на страната на Република Македонија.

 

Последни вести