fbpx

Телеграма со сочувство

Facebook
Twitter
LinkedIn

Телеграма со сочувтсво

Почитувани,

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во негово лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија испрати телеграми со сочувство за загубата на новинарот Влатко Ѓорчев, до неговото семејство и неговите колеги во редакцијата на агенцијата Мета.

„Изразувам искрено и длабоко сочувство за ненадејната смрт на новинарот Влатко Ѓорчев, што го потресе неговото семејство, колегите новинари, но и сите нас.

Загубата на Влатко Ѓорчев е на неговото семејство, но и на новинарската заедница и на општествената јавност во Р.Македонија.

Нема соодветни зборови во овие моменти на ненадоместливата тага и болка за таткото, син, сопруг, новинар, Влатко Ѓорчев.

Утехата ќе ја бараме во она што новинарот Ѓорчев остави зад себе, професионално и аргументирано новинарство, со кое што придонесуваше за развој на толку потребната критичка мисла. Како и сите вредни и посветени луѓе кон доброто на општетството и тој ќе остане да живее вечно преку вредниот придонес кон оваа света цел.

Нека почива во мир.“

Скопје, 20.11.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести