Ѓорге Иванов кога помилува на 12 април знаеше дека помилува, дека аболира реални криминалци. Криминалци кои земале провизии, рушеле згради, апселе политички противници, криеле убиства, уништувале фирми, делеле тендери. Знаеше Ѓорге Иванов дека помилува криминалци. И кога сфати дека никој не го поддржува и не се става на негова страна, стана дел од злосторничкото здружени и почна да се премислува. Направи хаос и затоа не може да не одговара, рече пратеникот Панче Орцев во однос на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, на 105-тата седница на Собранието на Р.Македонија