fbpx

(Видео) Богоев: Го наградувате Трајковски затоа што вршеше легален рекет врз фирмите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Очигледно вие сакате да го наградите овој човек, кој што и пресуди на најгледаната телевизија во Република Македонија. Овој човек кој што им пресуди на најтиражните и најобјективните весници во Република Македонија, тоа се Време, Шпиц и Коха е Ре. На овој начин сакате да го наградите оној кој дуќаните и фирмите во Република Македонија ги накити со жолта трака на којашто пишува: Затворено од Управата за јавни приходи. Сакате да го наградите човекот кој што вршеше со години легален рекет на фирмите и дуќаните во Република Македонија, кој што е потврден и слушнат во бомбите од проектот Вистината за Македонија, рече пратеникот Стефан Богоев во однос на  предлогот на одлука за избор на директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија

 

 

 

 

Последни вести