АКТ: Тендерската мрежа на Доновски е проширена и со други семејни и партнерски фирми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ – член на ИО

Oмилената фирма во тендерските шеми на ВМРО – Пирамид билдинг солушнс доставила барање до Антикорупцискиот тим на СДСМ да се извини поради наводно „нарушување на угледот“.

Тоа што AKT го објави се факти, аргументи и докази.

51 тендер во општините, 16 милиони евра. Сите се јавно достапни.

Што има тука невистина?

Или можеби мандатот во избирачки одбор на Доновски како претставник од редовите на ВМРО?

Фирмата со 51 тендер и 16 милиони евра може да се обрати до Јавното обвинителство и од таму да бара извинување.

Денеска објавуваме нови докази.

Дали тендерската мрежа на Доновски е проширена и со други семејни и партнерски фирми?

Неговата сопруга, Оливера Доновска, е сопственичка на три фирми, Дајмнод инвести ДОО Гостивар, Тргострој ДОО Скопје и Аксес инжерениг груп ДОО Увоз извоз Скопје.
Аксес инженеринг груп ДОО увоз- извоз Скопје е основана во март 2019 со Филип Гулевски, со адреса БУЛЕВАР “АСНОМ” бр.68/3-21, СКОПЈЕ.

Истиот тој Филип Гулевски од ноември 2021 е газда и на АКЦЕС КОНСТРАКШН ГРУП увоз-извоз Скопје, регистрирана на истата таа адреса.

Е сега токму оваа фирма, на 04.12.2025 година добива тендер за проектирање и изведба на спортски сали во општините Крушево и Аеродром. Вредност од 1,1 милион евра од министерството за спорт.

Дали е ова случајност? Дали е ова клевета и нарушување на углед?

Или ова е уште еден доказ за тендерските шеми на едни исти поединци од ВМРО-ДПМНЕ?

Затоа сме во група со Сомалија.

АКТ знае се и ќе продолжи да ги разоткрива тендерските шеми, криминалот и корупцијата на власта.

Работата не е завршена.