Соопштение за јавност
Кога ВМРО нема одговор на прашањата што ги поставуваме, а кои ги интересираат граѓаните на Македонија, веднаш прибегнува кон лаги од својата кујна.
Сега го обвинуваат СДСМ за ширење паника.
Еве прашања за ВМРО:
Дали Америка ја ставила Македонија на листа со 75 земји меѓу кои е Сомалија?
Што правел првиот соработник на Мицковски, вицепремиерот, на прославата со Ноќните волци на Путин, професорот Хусон, неколкумина обвинети и осудени за корупција и криминал?
Она што е единствено сигурно е дека паниката е голема кај ВМРО. Наскоро започнува примената на Законот за Западен Балкан.
Исто така, нивната политика на приближување кон изолираниот Вучиќ и неговата авторитарна политика, која сакаат со „copy-paste“ кампања целосно да ја пренесат во Македонија, славејќи со Ноќните волци, ја туркаат Македонија во изолација од САД и ЕУ.
Македонија, со политиката на изолација што ја води ВМРО, заврши на листа со 75 земји, меѓу кои е и Сомалија.
Намерно предизвикуваат кавги со Грција и Бугарија, за да го запрат процесот на ЕУ интеграција.
Сè ова е дел од една голема кампања за изолација на Македонија, правење „црна точка“ на Европа, за тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ да продолжи со пљачката на Македонија.
Дали недостасуваше една милијарда евра во декември?
Дали сега веќе недостасуваат 2 милијарди евра?
Што е со 161 тендер за една фирма, 51 тендер од општините, 9 милиони евра за двојца вработени, тендерот во Пошта вреден 1,2 милиони евра, со тендерската мрежа на Доновски и неговата сопруга?
Што е со Алта банка?
Што е со мигрантите?
Дајте одговор на овие прашања на граѓаните на Македонија, наместо секојдневно да фабрикувате лажни вести и да ја дефокусирате јавноста од прашања кои се важни за иднината на Македонија.




