Филипче: Мицкоски ги навредува граѓаните и создава поделби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека премиерот Мицкоски наместо да работи во интерес на граѓаните и за напредок на државата, тој поттикнува поделби, конфликти и ги навредува сите кои размислуваат поинаку од него.

„Што прави премиерот, се обидува со различни теми, создавање на меѓунационални конфликти, навреди за секој кој мисли поинаку и создавање поделба во општеството дека нешто може да направи. Ги навредува граѓаните и ги нарекува „медиокритети“, „талог на општеството“, „мочуриште“, рече Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски свесно го блокира европскиот пат и ја оддалечува државата од Европа, додека регионот оди напред.

„Мицкоски повеќе не може и не смее да ги лаже ниту граѓаните, ниту Европа. А известувачот и европратеник Вајц само го потврдува она што граѓаните секојдневно го чувствуваат. Оваа влада не сака во ЕУ, затоа што сака партиска контролата врз институциите, затоа што сака партиски медиуми, затоа што сака партиско правосудство и затоа што сака државни ресурси кои што ќе бидат користени само партиски тендери“, рече Филипче.

Воедно, Филипче нагласи дека најголемата цена од ваквите политики ја плаќаат граѓаните и државата.

„Се поставува прашањето кој губи? Губат македонските граѓани, никој друг, губи држава.Се губат европските пари, се губат европските фондови и грантови, се губат структурните фондови кои можат тука по примерот на другите земји кои што се приклучија во Европската Унија да значат подобра инфраструктура, патишта, пруги, болници, училишта, градинки. Се изгубија фондовите за поддршка на земјоделството. Зошто? ИПАРД го нема, Европа го блокираше затоа што ги фатија членовите на ВМРО-ДПМНЕ како крадат европски пари“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека европската перспектива е клучна за развојот на државата и подобрување на животниот стандард.

„Европа не носи само еден единствен отворен пазар, и подобро образование и подобро здравство, социјална состојба во државата, туку само Европа е единствениот начин со кој што нашето општество може да просперира“, рече Филипче.