Филипче: Кој Христијан е вистинскиот, тој што велеше Груевски е наместен или тој што вели треба да оди в затвор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека секојдневно се разобличуваат лагите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

„Апсолутно не им се верува, секој ден се гледа како ги разобличуваме нивните лаги. Едно збореа до изборите 2024 година, друго зборуваат сега. Како викаше, на Никола Груевски судските процеси биле местени, сега треба да иде у затвор. Па кој е Христијан, вистинскиот Христијан? Тој што го збореше тоа или ова сега?“ рече Филипче.

Истата матрица на лаги ВМРО-ОКГ ја користеше и за Преспанскиот договор, НАТО и европската интеграција на земјата и ги користи до денеска.

„Што ветуваа? Дека ќе го вратат името, дека ќе го поништат Преспанскиот договор. Гласаа против. А сега, министерот Муцунски гостува на Euro News и кажува колку НАТО било позитивна стратешка одлука за иднината на државата и креирање на клима за инвестиции. Луѓето кои што беа против НАТО, кои што беа против Преспанскиот договор, луѓето кои што велеа дека ќе го поништат Преспанскиот договор и ќе го враќаат името, сега го фалат членството во НАТО“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека ВМРО-OKG и денес продолжува да ги манипулира граѓаните околу уставните измени и европскиот пат.

„Лага е дека нешто загрозува. Лага е дека францускиот предлог загрозува нешто. Апсолутно ништо не загрозува. Зошто да се бега од тоа прашање? Затоа што им одговара на ВМРО. Им одговара вака, кој што кажал, како кажал, а ние сме закопани во место. За да можат да крадат“, рече Филипче.

Филипче порача дека единствениот пат напред е продолжување на реформите, уставните измени и отворање на преговорите со Европската Унија.
„Реформи, правда и Европа. Тоа е вистинскиот пат напред за државата и за граѓаните“, заклучи Филипче.