fbpx

Спасовски на средба со граѓани во Ѓорче Петров: Продолжува вистинската грижа за сите, во соработка со граѓаните ќе ја зголемиме општата и сообраќајната безбедност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска присуствуваше на маалска средба со граѓани од скопската општина Ѓорче Петров.

На средбата на која беа запазени сите мерки за заштита од коронавирусот, Спасовски со граѓаните разговараше на повеќе актуелни и важни теми.

Потпретседателот Спасовски истакна дека по трите сета мерки за помош во економијата, Владата предводена од СДСМ неодамна го донесе и веќе го спроведува и четвртиот сет мерки вреден 470 милиони евра преку кој ќе им се помогне на пензионерите, на невработените, на самохраните родители, но сериозно ќе им се помогне и на компаниите особено оние кои се од најпогодените сектори од коронакризата.

Спасовски на средбата разговараше и за општата и сообраќајна безбедност, при што се осврна на засилените контроли што Министерството за внатрешни работи ги прави во овој дел од Скопје а кои имаат за цел превенирање на сообраќајни прекршоци и зголемена безбедност во сообраќајот.

„Само во текот на вчерашниот ден преку засилена акциска контрола само во Ѓорче Петров се санкционирани 192 возачи за различни сообраќајни прекршоци, а од санкционираните 11 лица се мотоциклисти. Важно е да сфатиме дека само со почитување на сообраќајните правила од сите учесници ќе се достигне целосна состојба на ред и дисциплина која сите ја посакуваме и затоа овие засилени контроли и овде во Ѓорче Петров но и низ целата државата, ќе продолжат и во иднина, порача Спасовски на средбата со граѓани.

 

Последни вести