Прес-конференција, Бисера Костадиновска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Ребалансот на Буџетот за 2020 обезбедува силна поддршка за справување со здравствените но и економски последици од коронавирусот.
Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од корона вирусот.
Овие средства се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството и ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини и тестови за ковид 19.
Со измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 се обезбедува и поддршка за справување со економските последици преку реализација на четвртиот пакет антикризни мерки.
70 милиони евра ќе се наменат за субвенционирање на плати за 83.000 вработени за месеците октомври, ноември и декември.
27,6 милиони евра ќе се обезбедат за домашни платежни картички од по 6.000 денари кои ќе завршат кај 283.000 граѓани.
Овој ребалaнс е важен за зајакнување на здравствениот систем и за поддршка на работните места и економијата.
Затоа, сите пратеници да покажат одговорност и заедно да ги донесеме измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година.
Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на мерките и политиките што носат поголема грижа за јавното здравје, поголема грижа за секој граѓанин, за секоја компанија погодена од кризата.