fbpx

Наќе Отсјај функционира строго по режимската матрица, злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани,
 

Во време на вонредна состојба и полициски час, во време кога припадниците на полицијата имаат голем обем на работа, Наќе Отсјај повлече 80 полициски возила и стотици полицајци за да снима спот.

 

Од една страна ВМРО-ДПМНЕ и Чулев глумат загриженост за здравјето на полицајците, а од друга страна ги ангажираат за пропагандни видеа.

 

Наместо полицајците да им бидат на располагање на граѓаните, тие неколку часа биле ставени на располагање на Наќе Отсјај.

 

Тоа е истата режимска матрица на МВРО-ВМРО.

 

Граѓаните се потсетија на методите на полициската држава и злоупотребата на полицајците, полициските возила за пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Наќе Отсјај функционира строго по режимската матрица, по стапките на неговите претходници Јанкуловска и Чавков, злоупотребува државни ресурси за сопствена промоција.

 

Наќе Отсјај должи одговори на граѓаните колку чини и со чии пари е платено снимањето на неговиот спот?

 

Која продукција и под кои услови е ангажирана за исполнување на овој мерак на Наќе Отсјај?

 

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски остануваат деструктивни и крајно неодговорно се однесуваат во време на целата здравствената криза.

 

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Последен доказ за тоа е вчерашното однесување на Наќе Отсјај.

 

Почитувани,

 

Секому му е јасно дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни граѓаните, никогаш не биле важни институциите, ним и е важен само личниот и партиски интерес.

 

Свесни за тоа, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од соочување со граѓаните, бегаат од демократски мегдан и со право се исплашени од новиот пораз што им следува на избори.

 

Граѓаните ќе го казнат ваквото неодговорно, несериозно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Последни вести