Барањето за широка Влада е политички аматеризам, Мицкоски е несериозен политичар

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ

Прашање: Како ги коментирате најавите за формирање коалиција ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и предлогот за формирање на експертска Влада?

Одговор: Знаете, би рекла дека е навистина политички аматеризам кога во ситуација на потреба од сите капацитети да се во функција на борба против сериозна пандемија со која што се соочува целиот свет и кога е потребна крајна сериозност, да се изјавува и да се бара нешто што би рекла дека е неодговорност, но тоа всушност е одговорност на Мицкоски , бидејќи само тој може да биде толку несериозен.
Бара предвремени избори а бега од предвремените избори во Штип.
Ваквите изјави на Мицкоски всушност не доликуваат ниту на политичка дебата и веќе нема никакво ниво, ниту би рекла здрава логика да се дискутира било каков предлог кој што најчесто не опстојува ниту во текот на 24 часа.
Ова може да се каже дека е само уште едно блефирање и наместо тоа, Мицкоски треба да одговори што им кажал на Африм Гаши и Зијадин Села . Дали ќе го поништуваат Договорот од Преспа, дали тоа им го кажал? Им даде ли алтернативи за членството во НАТО? Дали им предложи идеолошкото обединување да го најдат во одбивањето да се даде поддршка на Законот за јазици? Му раскажа ли на Села што бараше на 27 април во Собранието? Тоа се тие прашања кои што мислам дека треба најпрво да ги продискутира со Африм Гаши и со Зијадин Села.