fbpx

Скандалозно, ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да забранува слобода на говор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На ВМРО-ДПМНЕ му пречи и говор и правда, а особено говор за правда, тоа е продолжение на груевистичкото режимско однесување, кога никому не му беше дозволено да има мислење понакво од раководството во белиот дворец.

Скандалозно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и сега најмногу би сакала да може да забрани слобода на говор, да забрани правна држава, да забрани се, а да дозволи само аболиција за нивните криминалци.

ВМРО-ДПМНЕ од правда разбираат само аболиција и паднаа во очај бидејќи не успеаја да ги спасат криминалците од сопствените редови.

Тие добро знаат дека сега е време за ред правда и дисциплина, дека е време надлежните институции, судовите, обвинителствата да се водат по законите и да испорачаат правда за сите отворени предмети, особено за оние кои се однесуваат на висока корупција.

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски се стави против правдата, на страната на заштита на криминалот. Затоа уште долго ќе остане во опозиција.

Последни вести