fbpx

Државата спасува 250.000 работни места, пакетот мерки позитивно оценет и од ММФ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

 

 
Почитувани,

Веќе се реализира големиот пакет економски мерки што има за цел поефикасно справување со последиците врз економијата предизвикани од глобалната пандемија од коронавирусот.

Преку мерки на конкретна и навремена помош, државата спасува 250.000 работни места и им помага на над 35.000 компании.

Сите фирми погодени од кризата, поточно секој работник од државата добива по 14.500 денари, плата за месеците април и мај.

Оваа мерка значи поддршка на секој работник, но значи поддршка и за занаетчиите, самостојните дејности, спортските работници, уметниците…

Управители и сопственици на бизнисите вработени во фирмите исто така ќе можат да ја користат оваа мерка.

Преку развојната банка веќе се реализираат бескаматните кредити наменети за фирмите погодени од кризата. Досега, одобрени се кредити со 0 отсто камата за 136 компании со над 1.700 вработени.

Поради големата заинтересираност, покрај првичните 5,7 милиони евра, Развојната банка стави на располагање дополнителни 8 милиони евра за бескаматни кредити за компаниите.

Економските политики што ги спроведе Владата предводена од СДСМ ја задржа довербата на меѓународните финансиски институции во нашата економија.

Мерките што се спроведуваат се добро оценети од страна на ММФ и затоа поддршката од 176 милиони евра е двојно поголема од првично предвидените.

Овие средства значително ќе помогнат во побрзо и полесно надминување на економските последици од коронавирусот.

Почитувани,

Владата, институциите продолжуваат со реализација на економски мерки и политики кои обезбедуваат задржување на работните места и сигурни приходи за сите вработени се до надминување на кризата од коронавирусот.

За нас секое работно место е важно, важен е секој работник и секоја компанија.

Последни вести