Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Прашање: Денеска и собранискиот спикер Талат Џафери потврди дека опозицијата најавува блокада во случај ако предложите со 61 пратеник да се изберат Советите на НРТВ и на Агенцијата за медиуми, образложението им е дека на тој начин ќе си протуркате свои кандидати имајќи предвид дека со 61 тоа ќе биде избор само на мнозинството. Како овие закони да бидат донесени, дали повторено ќе играте со европското знаменце?
Одговор: Јас нема да навлегувам во постапката веќе законот е предложен по скратена постапка од страна на група пратеници така што сметам дека враќање на една таква постапка не треба да има. Најавите за бојкотирање и блокади од страна на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не ме зачудуваат затоа што сведоци сме сите особено граѓаните нема ниту еден закон којшто не е блокиран од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Јас се надевам дека тие ќе ги надминат дневнопартиските интереси коишто ги имаат и ќе се донесе законот кој е во функција на професионализација на членовите на АВМУ и секако програмскиот совет на НРТВ. Навистина имаме и бројни докази во однос на постапките дека ниту во еден случај како Собрание и како пратеници не ги изневеривме очекувањата на граѓаните, особено во однос на Агенцијата за спречување на корупцијата, секако имавме можност да го видиме и изборот за тоа како се одвиваше транспарентно целосниот процес при формирањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Нема навистина никаква причина за блокада и бојкот од страна на пратениците, но ако ВМРО-ДПМНЕ одлучиле дополнително да опструираат и да кочат тоа останува на нив. И досега тоа го правеа и во минатиот состав ја имаа честа да опозицијата ја води Комисијата за избори и именување и видовме дека цели три години беше кочен огласот за АВМУ и за програмскиот совет на НРТВ.