fbpx

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ нема да го поткопаат здравствениот систем, ниту ќе ги обесхрабрат здравствените работници во борбата против коронавирусот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Олга Лозановска од ВМРО-ДПМНЕ

Во очај и безидејност денеска докторката Олга Лозановска одржа прес-конференција препишана од Фејсбук статусот на партискиот шеф Христијан Мицкоски.

Ако Лозановска решила Мицкоски да и држи предавања за мутација на вирус и медицина тоа е нејзино право, но има одговорност и како пратеник, а пред се како лекар кога се обраќа во јавноста да не лаже и манипулира.

Транспарентноста на владата предводена од СДСМ како и на Министерството за здравство им пречи на ВМРО ДПМНЕ, па затоа секој кажан збор во јавноста го превртуваат и го вадат од контекст.

Инстистуциите и понатаму остануваат транспарентни и отоврени за јавноста, така било од почетокот на пандемијата, така и ќе остане.

Лагите, празните напади, небулозите се само дел од некрофилската политика на ДПМНЕ од која никој нема полза.

Последни вести