Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ
Прашање: Денеска ВМРО-ДПМНЕ обвини за извештајот за Транспаренси, излезе дека сме многу доле на листата. Држави кои претходно од регионот беа зад нас сега се пред нас и сме во една група на држави со којшто не би сакале баш и да се споредуваме. Одговорноста ја гледаат во Владата, бараат оставки, бараат избори. На што се должи ваквото лоша оценка на Траспаренси Вие ветувавте дека државата ќе оди напред не назад?
Одговор: Секако дека важни се таквите извештаи, тие практично ја претставуваат перцепцијата на граѓаните во однос на бербата против корупцијата. Сведоци сме сите дека 11 години корупцијата навлезе насекаде на нашето општество. Граѓаните очекуваат силна борба против корупцијата и секако очекуваат судски разрешници, но ние и граѓаните сме сведоци за режимските инсталации во сите нивоа од правосудниот систем.
Точно е граѓаните имаат лоша перцепција кога гледаат дека најголемата опозициска партија го опструираше носењето на законот за јавното обвинителство. Кога гледаа граѓаните како се бореше ВМРО-ДПМНЕ во однос на заштитата криминалците во нивната партија и токму поради овие причини борбата против корупцијата во акција 21 планот е ставен многу високо во агендата.
За спроведување и конечната борба против корупцијата особено ни е важно чисто и професионално судство и обвинителство. Најавивме прочистување на судството тоа и се случува. Јас сум убеден и верувам дека како Собрание поставуваме добра основа да правосудните органи одлучуваат растеретени од било какви партиско -политички притисоци и верувам дека тоа ќе се потврдува и перцепцијата на граѓаните ќе се менува по секоја наредна судска одлука.