fbpx

Професионализацијата на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на НРТ е заедничка цел со новинарската фела

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Прашањe: Новинарските здруженија вчера сите излегоа, сите буквално, зборам и за синдикатот и здруженија на новинари, МАН, сите излегоа со забелешки во однос на овој член. Влегувате во една сива зона којашто понатаму може да влијае на медиумските оценки односно со општата состојба со медиумите во државата?

Одговор: Ги разбирам јас сосема реакциите секако дека добро е тоа што имаме заедничка цел со здруженијата а тоа е конечно да се спроведе една таква форма би рекол професионализација. Добро е што имаме заедничка цел со здруженијата а тоа е во насока на реформа, во насока на професионализација и департизација на едни такви важни регулаторни тела. Ќе повторам дека три години имавме можност сите ние тука како Собрание, не би исклучувал никого, конечно да ја спроведеме таа департизација, но за жал додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Комисијата за избори и именување немавме успешен оглас по однос на АВМУ и Програмскиот совет на НРТВ.

Јас ги уверувам граѓаните дека воопшто особено медиумските работници не треба да стравуваат дека наводно влегуваме во сива зона затоа што веќе имаме докажано дека во еден многу транспарентен процес исто така сме избирале и други важни институции, сме формирале важни тела во оваа држава.

Би сакал да кажам дека останува јавната дебата по однос на изборот на АВМУ и Програмскиот совет на НРТВ, сметам дека можност за учество на таквата јавна дебата ќе имаат сите, но секако дека нема да дозволиме повторно ВМРО-ДПМНЕ само заради лични хирови да ги опструираат овие важни процеси.

Последни вести