Прес-конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари
Политиките на СДСМ за само две и пол години направија пресврт во економијата, пресврт во раст на платите, пресврт во стапката на невработеност.
По минусот од 1,8 на економијата во 2017 година, со одговорните политики направивме пресврт и имаме раст на БДП од 3,5 отсто.
Стапката на невработеност се намали за 5,5 процентни поени и таа денес изнесува рекордни ниски 17.1 отсто.
Дадовме ветување и го одржуваме зборот, силно ги поддржуваме домашните компании.
Преку фондот за иновации и технолошки развој, досега поддржавме 314 компании со 57 милиони евра. Тоа е 57 пати повеќе отколку во 2017 кога триесеттина компании биле поддржани со само 1 милион евра.
Со новиот Оперативен план за вработување за за 2020 година со рекорден буџет од 1,4 милијарди денари дополнително ќе се зголеми поддршката кон домашната економија.
Инвестираме во компаниите, но инвестираме и во работниците. За две и пол години направивме пресврт во платите во сите сектори.
Минималната плата изнесува 14.500 денари што е за огромни 60 отсто повеќе отколку во 2017 кога таа изнесуваше само 9.000 денари. и во работниците и во работодавачите.
Позитивен пресврт во платите се случи и во образованието, здравството, социјалната и детската заштита, одбраната, полицијата, културата. Сите вработени во овие дејности денеска добиваат значително повисоки плати.
Создадовме услови за раст на платите и во приватниот сектор и тоа се случува.
Само со последна мерка за субвенционирање на придонесите за раст на платите, 106.000 работници добиваат повисоки плати.
Почитувани,
Пред јавноста ветивме концепт кој ќе ги враќа парите кај граѓаните, но и ќе ја придвижи економијата.
Денес, на нешто повеќе од 2,5 години од мандатот концептот парите назад кај граѓаните е целосно исполнет. Платите и пензиите растат, трошоците се намалуваат и се повеќе пари остануваат во семејствата.
Економијата е стабилна, базирана на реални основи и се движи во добра насока.
Како одговорна партија продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, создаваме мерки и политики што ја движат економијата напред.