fbpx

Со комбиниран модел на попис по меѓународни стандарди ќе се добијат прецизни и релевантни податоци важни за идниот развој на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Државниот завод за статистика, институциите се подготвени и имаат капацитет да спроведат успешен попис и тој оваа година ќе спроведе со нова методологија која за првпат ќе се применува во нашата држава и која во еден дел го вклучува и електронскиот попис.

Електронскиот попис веќе е дел од севкупната методологија на оваа важна статистичка операција кој заедно со теренското попишување обезбедува заокружен процес и целосна успешност на пописот.

Со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, ќе се добие целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се опфатени со електронските бази.

Преку овој комбиниран модел кој е познат во светската пракса ќе спроведеме попис согласно препораките на ОН и Евростат.

Само електронски попис не е доволен за да се добијат комплетни податоци какви што се потребни според Евростат и меѓународните стандарди, затоа што одреден дел од податоците од електронските бази не ја даваат комплетната и прецизна слика.

Само со електронски попис не можат да се добијат сите потребни податоци за нерезидентните граѓани, односно граѓаните кои се во странство повеќе од една година, а ниту една база на податоци не ја дава комплетната слика за видот, стандардите и бројот на живеалиштата на нашите граѓани.

За креирање на издржани, долгорочни политики и стратегии потребни се сите релевантни и прецизни податоци што ќе се добијат од пописот и затоа тој мора да биде и ќе биде спроведен согласно сите стандарди.

Последни вести