Прес конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ
Почитувани, добар ден,
СДСМ постојано се менува! Со нов, модерен, динамичен, европски концепт, вклучување и промовирање на многу нови мерки, политики и луѓе.
Еден од примерите беше последната голема граѓанска трибина во салата Борис Трајковски, во Скопје, каде што граѓаните имаа прилика да видат ново лице. Континуирани промени, нова енергија и голем мотив за победа.
Денеска со задоволство најавувам: активностите на СДСМ продолжуваат, на терен, со граѓаните, врата до врата, но и го прошируваме спектарот и динамиката на сите наши активности.
Со граѓанската трибина во Борис Трајковски во Скопје, со тој еден нов концепт заокруживме еден цел серијал на околу 30 граѓански трибини низ целата држава. Масовно посетени и поддржани од граѓаните.
Сега започнуваме нов серијал на 11 тематско програмски трибини како дел од агендата 20 – 24.
Новата победничка изборна програма СДСМ ја пишува со граѓаните, експертите, невладините организации.
Првата програмска трибина е „Агенда Иноватива“, ќе се одржи денеска во 18.00 часот, во Музеј на Град Скопје.
Ова е еден од новите столбови на идната програма и на СДСМ и на Владата.
Заедно со експертите, со граѓаните ќе ги дискутираме најновите трендови во екомонијата со посебен фокус на нови технологии, стартапи и претприемништво.
Говорници на трибината ќе бидат: Аријана Коскарова од Creative Hub, Нина Николиќ од стартап Македонија, Илијанчо Гаговски, IT претприемач. Тоа се надворешните експерти кои ќе придонесат токму во креирањето на нови решенија и политики во овој дел.
Како претставници на СДСМ ќе се обратат: Дамјан Манчевски, потпретседател на партијата и задолжен во делот на оваа проблематика, Коста Петров, потпретседател како и претседателот на Комисијата за економија, Кирил Колемишевски.
Веќе в недела ги продолжуваме нашите активности со втората програмска трибина за еден од клучните столбови на програмата „АГЕНДА МЛАДИ“ а во среда е третата трибина „АГЕНДА СПОРТ“. Останатите трибини ќе ги реализираме по празниците.
Детални информации за овие програмски трибини граѓаните можат да најдат на официјалните профили на СДСМ на социјалните мрежи и на веб страната на партијата.
Ги повикувам граѓаните, експертите, познавачите и сите заинтересирани активно да бидат вклучени. Заедно да ја напишеме новата изборна програма на СДСМ за следните четири години и заеднички да учествуваме во реализацијата на мерки политики и во развојот и напредок на државата, на овој пат.
Владата на СДСМ има огромни успеси на сите полиња, особено во економијата, социјалните политики, земјоделието и инвестициите.
Затоа ќе продолжиме да зборуваме за успесите, но остануваме посветени и на новиот концепт.
СДСМ сите капацитети ги става во служба на граѓаните и нивните интереси. Таква ќе биде и новата програма, новата понуда на СДСМ за граѓаните.
Комисиите, телата и органите на партијата веќе работат на новите мерки.
Досега добивме над 4.000 предлози од граѓаните во различни форми, дали на терен, дали преку онлајн апликацијата која што е достапна. Затоа, на сите граѓани денеска им велиме: Ви благодариме!
Одржавме над 600 маалски и урбани средби, одржавме околу 30 граѓански трибини, низ цела државава, имаме секојдневни средби со целните групи, со таргетирани групи.
Нашите 6000 активисти се на терен, врата до врата, отворена е апликацијата за предлози на веб страницата на СДСМ.
Го слушаме гласот на граѓаните, ги евидентираме нивните предлози и идеи, внимателно ги анализираме, со задоволство можам да кажам дека голем дел од овие предлози ќе бидат дел од новата изборна програма на партијата.
За СДСМ секој е важен и сечиј придонес е важен.
Затоа велиме дека СДСМ е најдобра опција, затоа што води напред, затоа што се менува постојано, затоа што отворена за сите граѓани без да бидат членови на партијата, затоа што со СДСМ иднината на генерациите е обезбедена!
Со крената глава СДСМ може да се потпре на успесите и да инспира сите други да се приклучат!
Направивме многу. А имаме уште многу што да кажеме и што да направиме, а грешките да ги исправиме.
Затоа нема скршнување од патот на напредокот.