Прес конференција на СДСМ, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка
Почитувани,
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се обидува да ги спречи реформите во правосудството и да ги блокира процесите кои ќе значат успешна борба со криминалот и правда за сите.
Преку блокади на законски решенија, со поднесување на стотици амандмани пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го спречат изгласувањето на клучни закони за кои имаме поддршка и од Европската унија.
За Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој на денешната собраниска седница е во второ читање, ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 950 амандмани.
Јасна е намерата на опозицијата да го блокира законот кој треба да обезбеди создавање на квалитетни судии и обвинители.
За овој Предлог закон владејачкото мнозинство, на комисиката седница, преку конструктивна дебата прифати повеќе амандмани поднесени од опозицијата, со што дојдовме до ова решение за кое треба да гласаме.
Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не е заинтересирана за квалитетни законски решенија, не е заинтересирана за реформи во судството.
Единствено за што ВМРО-ДПМНЕ е заинтерсирана е да го штити судството кое дели селективна правда и кое ги штити нивните партиски функционери.
Ние, како одговорно владејачко мнозинство, тоа нема да го дозволиме. Одговорност за секој сторен криминал и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните, мора да има и ќе има.
И покрај сите блокади реформите во судството ќе се спроведат и Република Северна Македонија ќе добие правосуден систем кој ќе биде гарант за правна и еднаква држава.