fbpx

14.500 денари минимална плата, растат платите и на наставниците и лекарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција

Елена Ташкоска – Советник

 

Почитувани,

Силната и одговорна економска политика на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, дава одлични резултати, а граѓаните ги чувствуваат придобивките на зголемените плати и намалените трошоци.

Спиралата на раст на платите започна уште во август 2017 година, кога минималната плата ја покачивме на 12.000 денари. Сега, со новото покачување, законски утврдената минимална плата за декември ќе изнесува 14.500 денари, што значи дека само за две и пол години таа е зголемена за 5.500 денари.

Со новото покачување на минималната плата на 14.500 денари, заедно со субвенционирањето на придонесите за работодавачите од приватниот сектор, кои платите на работниците ги покачуваат до 6.000 денари, доаѓаме блиску до 30.000 денари просечна плата.

Тоа е исполнување на уште едно од предизборните ветувањата на СДСМ и доказ дека водиме вистинска и искрена грижа за граѓаните.

Дополнителна потврда за тоа е последното покачување на платите на вработените во основното, средното и високото образование за 10 отсто, кое стартува од 1 јануари 2020 година.

Ова е трето покачување на платите на наставничкиот кадар, откако претходно две години по ред со септемвриските плати добија покачување за околу 5 отсто, што значи дека за нецел мандат на Владата предводена од СДСМ, наставниците севкупно добиваат повисоки плати за преку 20 отсто.

Истовремено, како одговорна партија остануваме доследни на своите ветувања и го враќаме достоинството на здравствените работници. 

Почнувајќи од месец февруари 2020 година, платите на лекарите специјалисти се зголемуваат за 25 отсто, а на медицинските сестри за 10 отсто. Кумулативно, заедно со сите други зголемувања од 2018-та наваму, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 отсто, а на медицинските сестри за над 20 отсто.

Истовремено, просечната плата на лекарите специјалисти,  достигнува 100.000 денари.

Почитувани,

Ова се сериозни бројки, кои ги чувствуваат граѓаните, работниците, наставниците, докторите, медицинските сестри и соработници.

Покажуваме дека сме партија која стои на дадениот збор и која државата ја движи на правиот пат.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп                                                                              

03.12.2019

Последни вести