fbpx

Градиме по план, завршена реконтрукција на делницата Струмица – Ново Село од 12,7 километри

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Венерка Ристовска – портпарол на ОО СДСМ Струмица

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите

Нашата татковина е на прав пат. Покрај големиот број реформски ангажмани и мерки кои недвосмислено го подобруваат животот и стандардот на граѓаните, Владата на Република Северна Македонија предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Премиерот Зоран Заев, е сериозно фокусирана на големо осовременување на сообраќајната инфраструктура во државата. Цела земја е претворено во едно големо градилиште, па така во секој нејзин регион градежните оперативи работат под полна пареа на изградба, реконструкција или рехабилитација на патишта.

Убавата вест што денес ја споделуваме со Вас доаѓа од Јавното претпријатие за државни патишта, а таа вели дека е завршена рехабилитацијата на магистралниот пат А4, односно делницата Струмица – Ново Село, во должина од 12,7 километри. Вредноста на овој градежен зафат изнесува 1,6 милиони евра, а овие средства се обезбедени преку Светска банка. Покрај тоа, во изградба е и регионалниот пат Ново Коњарево – Старо Коњарево во должина од 3,4 километри, а од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат и експресен пат од граничниот премин Ново Село до Смоквица.

Што значи сето тоа за безбедноста во сообраќајот и воопшто за животот на граѓаните од Струмица и струмичкиот регион, но и за целиот југоисточен регион во државата, не треба да се трошат зборови. За СДСМ зборот е збор, а секој збор се претвора во дело. Со такво темпо продолжуваме понатаму…по правиот пат.

Благодарам

 

Последни вести