fbpx

3.000 евра грант за жени земјоделки, вложуваме во социјалната и економската положба на жените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Ивана Максимова – Координаторка на Форум на жени на ОО СДСМ Кочани

 

Почитувани !

Владата на Република Северна Македонија, предводена од Социјал Демократскиот Сојуз се заложува за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини, работи на родовотo одговорно буџетирање, стратешкото планирање и креира политики и буџетски процеси, во согласност со меѓународните и националните обврски.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави оглас на кој жените –земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра.

Оваа мерка за финансиска поддршка на жените земјоделки се воведува за првпат, а целта е да се мотивира и да се обезбеди зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство.

Се унапредуваат и се поедноставуваат условите за користење на европските фондови ИПАРД .

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ.

Благодарам

 

Последни вести