Прес конференција, Ива Лабан портпарол на ОО Карпош
Почитувани граѓани,
Продолжуваме со мерките кои ги намалуваат месечните трошоци и ги враќаат парите на граѓаните.
Со намалувањето на ДДВ-то за топлинска енергија од 18% на 5% се создадоа услови и за намалување на вкупните трошоци на корисниците на топлинска енергија.
Започнувајќи од овој месец сметките за парното ќе бидат пониски за околу 200 ден месечно, односно секое домаќинство кое се грее на парно ќе заштеди 2000 денари на годишно ниво.
На ова намалување му претходеше и укинувањето на обврската исклучените корисници на топлинска енергија да плаќаат паушал, што е уште една од низата мерки кои се во полза на граѓаните.
Паралелно со ова, новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски Енергетски Системи (ГЕС) кое има за цел преку реални енергетски политики да донесе големи придобивки за граѓаните, ќе управува со топловодната мрежа која Град Скопје ја доби на трајно користење.
Целта на Град Скопје со овие мерки е достапност на парното греење за сите, привлекување нови корисници и враќање во мрежата на веќе исклучените потрошувачи, што ќе придонесат за позитивно влијание врз намалување на аерозагадувањето предизвикано од загревање на домовите.
Како партија за која #ЗборотВажи остануваме посветени на исполнување на мерките кои носат помали трошоци, повеќе пари кај граѓаните, како и реализација на Планот за чист воздух.