fbpx

За над 3.000 денари повисоки плати за вработените во градинките, растат платите за кадарот кој се грижи за нашите деца

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Соња Дамјановска -советник на СДСМ во општина Гостивар 

 

Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ,продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат подобар живот и повеќе пари за граѓаните.

Платите продолжуваат да растат.

Кадарот во градинките, заслужен за грижата на нашите деца, кои се иднината на нашата држава, добија драстично зголемување на платите. Почнувајќи од јунската плата којашто на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар доби зголемување во просек од 16% што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. Во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од 5%. Со тоа вработените во детските градинки во Република Северна Македонија добиваат покачување на платите за 21%, коешто е најолемо до сега.

Нето платата на воспитувач со високо образование се зголемува за 16,26% односно од 20.546 денари на 23.731 денар, а со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж ќе изнесува 25.511 денари. Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него ќе бидат опфати 3.138 вработени од вкупно 4.577 вработени односно 68,5%. Во оваа група влегуваат воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Истовремено се зголемуваат и платите на помошно техничкиот пероснал во градинките и ова покачување е утврдено со колективниот договор.

Во изминатите две години се отворени 24 нови објекти, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките.
За прв пат се воведува кариерен развој на воспитувачите/ките, но и систем на плати за директорите/ките на градинките чија висина ќе варира од капациетот на бројот на децата. Министерството за труд и социјална продолжува посветено да работи на унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете.

Со зголемувањето на платите, но и со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции го враќаме достоинството на професијата воспитувач којашто беше заборавена години наназад.

 

 

 

Последни вести