fbpx

СДСМ Куманово продолжува на средби со граѓаните, слушаме и дејствуваме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Катерина Пешиќ Бошковска – портпарол на ОО СДСМ Куманово.

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,по низата промени, како на централно, така и на локално ниво, познато е дека претходниот месец на седница на Конференцијата на ОО СДСМ Куманово, се избра ново раководство на општинската организација.

На првата седница на ИО на ОО СДСМ Куманово, бев избрана за портпарол на организацијата, за мене тоа е голема чест и обврска на која ќе се обидамда одговорам на најдобар можен начин. Истовремено, ќе ми биде задоволство да соработувам со вас, медиумите, а вие и граѓаните ќебидете моите најголеми критичари.

Како партија, СДСМ има системски пристап во работата, затоа ништо не оставаме на случајноста. За нас зборот важи. Во текот на последната кампања за претседателските избори, а и претходно слушавме од вас граѓаните, дека политичарите се појавуваат само кога доаѓа време за избори. Од тие причини, ова лето за СДСМ ќе биде работно. Покрај годишните одмори, ќе имаме теренски активности и средби со граѓаните,насочени кон вас со цел да го слушнеме вашето мислење.

Почнуваме со посети во маалата, урбаните заедници, селата, средби со целни групи и групи од јавен интерес. Ќе ги евидентираме и ажурираме сите информации и податоци кои вие ќе ни ги посочите.

 

Придружувани од функционерите – пратеници, министри, советници,градоначалникот, директорите на јавни и општински установи, како и претседателот на ОО СДСМ Куманово, ќе разговараме за клучните теми,потребите, отворените прашања значајни за нас и нашиот град и активно вклучување на СДСМ во нивно решавање. За работата на градоначалникот,локалната самоуправа, институциите и Владата, граѓаните треба да оценат што се покажало како добро, а што треба да се подобри, посебно за она што досега е сработено и за она што допрва следи, како проект или нова идеја.

Сите знаеме дека на Куманово му треба многу повеќе, особено во делот на инфраструктурата, градскиот сообраќај, атмосферска канализација, повеќе зелени површини, спортски, културни и уметнички манифестации.Куманово расте и допрва ќе се развива.

Почитувани, се обврзавме пред вас за нов начин на делување и работење,но и за забрзување на напредокот на општеството и се стремиме кон истото. Ние сме на ваша страна, ние сме дел од вас, приклучете ни се,бидете гласни, како што впрочем и ни доликува на нас, кумановчани.Вашиот став и вашето мислење за нас е важно, секоја ваша критика упатена кон нас е поттик за навремено реагирање и пронаоѓање решенија.Уште во следниве денови почнуваме со средбите, планираме да организираме крводарителска и еко-акција заедно со ЛК на младите во периодот што следи.

Теренските активности ќе бидат прилагодени на летниот период, по интензитет, време и карактер.Нашите средби постепено ќе засилуваат и ќе бидат системски и во континуитет. Новиот систем на СДСМ ќе значи редовно оценување на политиките, програмите и проектите на сите можни нивоа.

Паралелно со теренските активности, во тек е длабински процес на реализација на програмите и проектите на централната и локалната власт.Се прави целосна евалуација на досега сработеното, се евидентира степенот на реализација на проектите и задоволството на граѓаните од политиките и од носителите на истите.

 

 

Последни вести