fbpx

Туфегџиќ: Во најпозитивниот Извештај на ЕК констатирани подобрувања кај човековите права и условите за работа на граѓанскиот сектор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,

Ивана Туфегџиќ, пратеничка

Скопје, 01.06.2019 

 

Почитувани граѓани,

Постигнатиот напредок во реформите е признаен и соодветно вреднуван од страна на Европската комисија.

Добвме најпозитивен извештај и безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Како што е наведено во Извештајот, во областа на заштита на основите човекови права и слободи, направен е добар прогрес и констатирано е дека е зголемена заштитата од говор на омраза и дискриминација.

Правната рамка е подобрена со усвојувањето на измените на Кривичниот Законик како и и усвојувањето на Законот за спречување на и заштита од дискриминација, и усвојувањето на националниот акционен план за имплементација наИстанбулската Конвенција.

За секое демократско општество, правата на граѓаните, почитувањето и негувањето на различностите се исклучително важни.

Во Извештајот се наведува и дека условите за работа на граѓанското општество продолжија да се подобруваат, преку нивното директно учество во креирање на политики и во законодавниот процес.

Граѓанскиот сектор е многу важен фактор кој учествува во процесите за подобрување на животот на граѓаните и функционалноста на институциите, но и во креирањето на квалитетни политики.

Во однос на младинските политики, Европската комисија јапоздравува мерката „Гаранцијата за млади“ која Македонија е единствена не ЕУ членка која ја спроведува како важен и позитивен чекор за намалување на младинската невработеност во земјата.

Имено, преку оваа мерка, која минатата година беше во фаза во неколку општини, се вработија 1.839 млади лица.

Ги повикуваме, сите политички чинители, и граѓанското општество, да продолжиме да работиме заедно на реформите бидејќи не чека многу работа, не само заради евроинтегративниот процес, туку поради тоа што граѓаните го бараат тоа од нас.

 

Последни вести