fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се против еколошки фонд што и самите го имаат ветувано пред избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е лицемерна, деструктивна партија која работи на штета на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја блокира еколошката такса која треба да озбезбеди над 55 милиони евра годишно за инвестиции во обновливи извори на енергија, а оваа партија во својата изборна програма има ветување за создавање на ист таков фонд.

На страница 266 во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ стои ветување за основање на Фонд за животна средина.

Во образложението на оваа мерка стои: „Се обврзуваме да го формираме Фондот за животна средина во кој ќе се слеваат средства кои граѓаните и правните лица ги уплаќаат како еколошки такси, надоместоци за животна средина и други еколошки давачки“.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат на еколошки фонд, кој и самите го имаат ветувано пред избори.

Кога лажеа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски? Кога ја ветуваа оваа мерка пред граѓаните или денес, кога се противат на нејзино спроведување?

Ова почитувани е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ денес се противи на еколошката такса, само за да наштети на борбата за здрава животна средина.

Блокади, деструкции и лажни вести, тоа е се што нудат Мицкоски и ВРО-ДПМНЕ и токму заради таквата понуда ги чека нов пораз на локалните избори наесен.

Граѓаните одново ќе ги поразат погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и одново ќе го потврдат патот на развојот, патот на напредокот којшто е возможен само со СДСМ.

 

Последни вести