Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ
Загубени во белата палата и желни само да критикуваат, без основа, без осет, без чувство за државност. Немаат допир со реалноста или не следат? Нека отвори интренет и нека прочита
ВМРО-ДПМНЕ предводени од Христијан Мицкоски немаат чувство за државност, знаат само да критикуваат без никаква основа, да шират лажни вести и да измислуваат непостоечки конструкции.
ВМРО-ДПМНЕ сами и изолирани во белиот дворец или го имаат загубено допирот со реалноста и со фактите или пак не следат што се случува.
Ставовите и на Владата и на премиерот Зоран Заев и на СДСМ околу македонскиот јазик се јасни и неколкупати повторувани. Македонскиот јазик е признаен од целиот свет и за него ниту се преговара ниту пак некогаш ќе биде тема на преговори со кого било.
ВМРО-ДПМНЕ нека продолжи да живее во своја паралелна реалност, СДСМ продолжува да се бори за државните и националните интереси, продолжува да ја води државата напред кон развој и интеграција.