fbpx

СДСМ ги враќа парите кај граѓаните – преку МојДДВ на 399.000 граѓани им се вратени 36,3 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на Извршниот одбор на СДСМ

Почитувани,

СДСМ ги враќа парите кај граѓаните, во семејните буџети, го зголемува животниот стандард и достоинството на граѓаните, а истовремено ги помага домашните компании, се бори против сивата економија и ја враќа довербата во институциите.

Управата за јавни приходи преку проектот МојДДВ на 399.000 корисници од различна возраст, во изминатите две години им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра, како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки.

Во првата година преку МојДДВ, вратени се над 670 милиони денари, а во втората година од повратот на ДДВ преку скенираните фискални сметки, назад кај граѓаните завршија 1,5 милијарди денари.

Во првото тримесечје од оваа година на граѓаните им се исплатени речиси 414 милиони денари.

Зголемувањето на бројот на корисници на апликацијата МојДДВ само покажува дека ова е еден од најдобрите и најуспешните проекти на владата предводена од СДСМ.

Граѓаните веќе со сигурност знаат дека на секои три месеци на нивните трансакциски сметки се исплаќа повратот на ДДВ-то, но знаат и дека со тоа даваат свој придонес во борбата против сивата економија.

Со редовната исплата на повратот на средствата од ДДВ-то, ја зголемуваме довербата во институциите.

За купените македонски производи, веќе неколку месеци се враќа дел од ДДВ во висина од 20%, со што ја помагаме домашната економија.

Помагаме данокот на граѓаните да заврши онаму каде што треба, за да обезбедиме подобри услови и поефикасни услуги.

Почитувани,

Враќањето на парите кај граѓаните е реалност. Продолжуваме да креираме и реализираме мерки и политики за зголемување на животниот стандард на сите граѓани.

Последни вести