Соопштение за јавност – реакција на прес-конференција на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ
Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во својот идентитет не мора да поднесуваат декларации или какви било заклучоци до Собранието.
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание.
Цела Европа, целиот свет знае кои се нашите идентитески позиции но очигледно само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се сигурни во тоа.
Христијан Мицкоски до толку е изгубен во своите блокади што бара Собранието да разговара дали сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и имаат македонски идентитет и посебност.
Мицкоски работи против државните и национални интереси и во состојба е да измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата.
Затоа е таму каде што е, во опозиција, затоа му следува уште еден пораз овој пат на локалните избори.