fbpx

Благодарност за сите кои се борат со пожарите, заедно ќе успееме, продолжува влогот во човечкиот капитал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

Почитувани граѓани и граѓанки почитувани новинари,

Деновиве нашите најголеми борци се луѓето кои на терен преземаат натчовечки напори во борбата со бројните пожари и за својата посветеност истите ќе бидат и наградени со соодветни финансиски надоместоци согласно законите и колективните договори.

Благодарни сме им на пожарникарите, но и на војниците, полицајците, доброволците, институциите и на сите оние кои прават се’ да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик.

Како благодарност за пожртвуваноста и посветеноста, Владата донесе одлука за доделување парична награда од по 10.000 денари за вкупно 300 лица од кои најголемиот број се пожарникари.

Дополнително, Градот Скопје и повеќе општини низ државата ќе им доделат парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од трите екипи што учествуваат во гаснењето на пожарите низ државата.

Имаме систем кој функционира а како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа кои ни помагаат и солидарноста ја покажуваат на дело, поим што е непознат за Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Во изминатите четири години континуирано работиме на подобрување на социо-економската положба на пожарникарите, безбедноста и здравјето на нивните работни места, на зголемување на капацитетите, набавка на нова опрема.

Од декември 2020 година платите на пожарникарите во Скопје, Валандово, Делчево, Неготино и во многу други градови се зголемени за околу 20%.

Во просек основната плата на пожарникарите е зголемена од 4.500-6.000 денари. Новиот правилник за пресметка на платите на пожарникарите во Град Скопје гарантира повисоки приходи и ја исправи неправдата што Коце Трајановски и ВМРО ДПМНЕ им ја нанесоа во годините кога спомениците им беа поважни од човечкиот капитал.

Противпожарна единица Берово, која е една од најпогодените деновиве, токму пред два месеца доби четири нови противпожарни возила, како и опрема за пожарникарите.

Неодамна, за прв пат во земјава е набавено специјално противпожарно возило со скала, што, за жал, беше критикувано и проблематизирано од неодговорната ВМРО-ДПМНЕ.

Секако свесни сме дека има уште многу работа, дека има недостиг на пожарникари и возила и работиме на промена на состојбите. Со новиот закон за пожарникарството социјалните партнери (синдикатите, Владата и локалните самоуправи) заеднички ќе креираат решенија што ќе значат уште подобра социо-економска положба на пожарникарите.

Со помош на пожарникарите, војниците, полицајците и доброволците и со поддршката од нашите сојузници, ќе се избориме со бројните пожари во државата. Потоа ќе се посветиме на санирањето на последиците, покривањето на штетите, пошумувањето, но и на отстранувањето на системските проблеми кои се пројавуваат во вакви случаи.

Почитувани,

Пожарите ќе се изгаснат, но не и бесрамните обиди за профитирање и политички поени при вакви несреќи од страна на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Останува фатот дека со парите што ги фрлија на само еден објект од Скопје 2014, како Триумфалната порта, можеа да се набават нови возила и нова опрема за сите пожарникари.

Уште еднаш се покажа разликата а тоа допрва ќе се види, луѓето се најсилниот капитал на нашето општество.

Последни вести