fbpx

Кадри на Груевски и осомничени лица, тоа е понудата на Мицкоски за градоначалници за овие избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие претстојни локални избори.

Токму тоа се луѓето кои не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот, а Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови лица.

Еден од нив е и актуелниот градоначалник и кандидат на Мицкоски за општина Петровец, против кого е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба и за перење пари.

Во медиумите се појавија и натписи за сомнителното минато и на кандидатот за градоначалник во Гази Баба, Бобан Стефковски.

До денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не одговорија дали е точно дека Стефковски, во 2002 и 2003 во два наврати бил притворен поради неовластено производство на опојни дроги.

Во јавноста постојат и документи дека кандидатката на општина Крушево, Билјана Проеска, е осудувана во 2015 година на условна казна затвор поради фалсификување исправа.

И за ова, Мицкоски се уште молчи и нема одговор.

Пресуда со условна казна има и кандидатот за градоначалник на Бутел, Дарко Костовски за учество во тепачка.

Христијан Мицкоски и натаму молчи.

Ете ја почитувани понудата на Мицкоски за овие избори. Тоа е понуда со која Мицкоски ги потценува граѓаните од кои треба да ја бара довербата.

И токму затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз на локалните избори.

Граѓаните не сакаат и нема да дозволат нечесни и неодговорни кадри да ги водат општините.

Ви благодарам

 

Последни вести