Соопштение за јавност
Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, повторно наместо одговор, излегуваат со нервозна реакција во одбрана на изборот од немај каде за кандидати за градоначалници.
Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие претстојни локални избори, која се обидуваат да им ја спакуваат на граѓаните како понуда на нови и чесни лица.
Со памфлети од Белата Палата, синоним за корупција и криминал, ВМРО ДПМНЕ џабе се обидуваат да сокријат факти кои се на очиглед на јавноста.
Нивниот единствен концепт е концептот “сите луѓе на Груевски”, во обид да го вратат режимот.
Но, граѓаните ги препознаваат лагите на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа им следува уште еден пораз во низа на претстојните локални избори, седми по ред.