fbpx

Заев: Победуваме и водиме во над 30 општини и Град Скопје, влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанати општини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Зоран Заев, претседател на СДСМ

Почитувани граѓани, народе македонски, сите граѓани на нашата татковина,

Ви благодарам и ви честитам за високото ниво на демократска и европска свест.

Успеавме да реализираме целосно демократски, фер, слободни и европски избори.

СДСМ и Коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјава. Најдоброто победува и води пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини и секако во Градот Скопје.

СДСМ победи и победува во:

01. Струмица

02. Крива Паланка

03. Карпош

04. Центар

05. Шуто Оризари

06. Кочани

07. Делчево

08. Крушево

09. Ресен

10. Дојран

11. Валандово

12. Македонска Каменица

13. Богданци

14. Берово

15. Кривогаштани

16. Пробиштип

17. Пехчево

18. Демир Капија

19. Демир Хисар

20. Маврово Ростуше

21. Чашка

22. Росоман

23. Старо Нагоричане

24. Лозово

25. Конче

26. Арачиново

27. Чешиново Облешево

28. Дебарца

29. Долнени

30. Куманово

И СЕ РАЗБИРА СКОПЈЕ

А таму каде што води ВМРО-ДПМНЕ и влегува како прв во вториот круг видете ја структурата на гласови и ќе видите дека кандидатите од нашите коалициони партии одземаат сериозен број на гласови којшто секако се на коалицијата на прогресот во вториот круг.

Поддршката која ја добивме во првиот круг е сериозна. Тоа се стотици илјади гласови на народот. Тоа за нас е обврска и таа обврска ние ќе ја исполниме и нема да застанеме и да дозволиме на некого земјата да ја враќа назад. Пред нас е сериозна борба.

Се на се, СДСМ и коалицијата НАЈДОБРОТО влегуваат во вториот круг во вкупно 36 општини, плус Градот Скопје.

Влегуваме во борба за конечна победа во втор круг во сите преостанти општини.

Главата горе! На крајот СДСМ и коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција.

Впрочем и затоа Мицкоски бараше избор на градоначалници во првиот круг, свесен што ќе се случи во вториот круг. Коалиционите капацитети се сериозни, граѓаните доминантно во мнозинство се за прогрес.

Огромна е нашата коалиција – ја обединуваме цела владина коалиција – прогресивниот глас се обединува за вториот круг и влегува во борба за она што со со труд, пот и крв го обезбедивме заедно со народот, за оваа наша земја – прогресот се обединува за да ја обезбеди иднината на татковината. За таа цел, за да ја зачуваме безбедната и сигурна македонска иднина, ги повикувам сите наши поддржувачи и тие што денеска останаа дома да излезат и да дадат поддршка за најдоброто и за нашиот народ и нашата држава.

Почитувани,

Јасна е пораката од народот – и таму каде што победивме и таму каде што не победивме.

Народот сака уште повеќе работа и уште повеќе резултати. Тие резултати ќе обезбедиме со сите наши капацитети. Но, тие резултати се можни само со локални самоуправи кои гледаат и сакаат да одат напред. Тоа е можно само со коалиција која води НАПРЕД.

Затоа, го повикувам целиот македонски народ, сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци – сите!

Борбата продолжува – Прогресот се обединува – бидејќи злото се заканува!

Коалицијата на партиите кои ја сочинуваат централна власт, а тоа е владината коалиција составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, БЕСА, ДПА, Бошњачкиот сојуз и другите партии – оваа коалиција на прогресот и напредокот ќе се обедини и ќе влезе во борба за мнозинства во најголем број од советите на општините низ државата.

Тоа се мнозинствата низ кои се претставени прогресивните и демократски политики на оваа власт, поддржани од огромно мнозинство од народот.

Последни вести