fbpx

Народот е излажан од Мицкоски, нема ново мнозинство, да се извини и да понесе одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

После подолг период господинот Христијан Мицкоски пред нецел час кажа една голема вистина, тоа е дека ова постоечко парламентарно мнозинство ќе расте.

Се она што денеска се случува во Собранието е резултат на лагите на докажаниот губитник Христијан Мицкоски.

Токму Мицкоски ја излажа јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата. 

За овој негов неуспех, Мицкоски да не бара алиби и да не ја префрла одговорноста кај било кој.

Само тој си е виновен и може на себе да си се лути, да му се гади и слично.

Само за власт и за ништо друго, тој седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите. 

Кај нив нема приниципи, нема политики, нема никаква понуда за граѓаните, за државата.

Со денови секојдневно еуфорично Мицкоски “пумпаше“ невистини дека има 61 пратеник за недоверба на Владата. Дури излезе и со ултиматуми.

Затоа, народот е излажан од лицето Христијан Мицкоски.  Нема ново мнозинство во Собранието. 

Затоа, наместо да шири невистини, Мицкоски треба да се засрами, да излезе и да и се извини на јавноста, да им се извини на граѓаните и да понесе одговорност.

Почитувани граѓани, сите заедно, здружени, обединети, ќе продолжиме по европскиот пат кој носи правда и економски напредок.

Последни вести